Активности и новости

Проект Среќа секојдневно информира, соработува, критикува и мотивира да се прават напори и промени кон подобар статус на сите деца

Настани и проекти

Дел од активностите на Проект Среќа

Мисија и Визија

Секое дете заслужува да биде опкружено со љубов и среќа

Подобро образование

За децата со помалку можности

Социјална инклузија

на децата со помалку можности

Подобро неформално образование

на децата со помалку можности

Градење на волонтерско општество
Градење на филантропска свест

и општествена одговорност кај населението и бизнис секторот

Среќата на децата како клуч

за среќно и продуктивно општество

Психолошка поддршка

и менторирање на децата со помалку можности

Асистенција

во секојдневните потреби на децата со помалку можности

Мотивирање и градење

на самодоверба кај децата со помалку можности

Фото галерии

Фото есеи од нашите проекти, хуманитарни и донаторски акции, конференции и акции од јавна одговорност

Претседател и Основач на Проект среќа

Кристина Арнаудова Петровски

Не постои среќно и продуктивно општество, во кое децата се несреќни, и без можности. Токму затоа, создадете среќни и едуцирани деца, за да создадете среќна иднина за сите.
  • Претседателка и основач на Проект Среќа
  • Дипл. Бизнис Администрација
  • Пеачка, композитор, продуцент, борец за човечки права

Слушнете ги децата

Нај големата награда за сето искористено време и енергија се само неколку зборови од искрените усти на децата. Децата не лажат!

Проект среќа за мене преставува место каде што сум среќен секогаш Како прво најголемо и најубаво нешто беше Детскиот Камп "Шарено Лето". Тој камп е нешто што никогаш нема да го заборавам,нови пријатели кои што се дружиме и денеска, а ќе се дружиме и понатаму. Следното патување со Проект Среќа беше "Здраво Шампиони" Со "Здраво Шампиони" - организирано од Проект Среќа се запишав на пливање. Јас отсекогаш сакав да научам да пливам и сега научив. Без Проект Сеќа јас немаше да се запишам на пливање. ,, Самитот на детски желби,, беше многу убаво чувство за мене јас можев многу мирно да се опуштам и да разговарам со сите ,се чувствував толку спокојно,и најсреќно,А најубавото нешто што можеше да ми се случи беше Детското Драмско Студио Неверленд. Мојата огромна желба беше да станам дел од некое драмско студио, но посебно сум среќен што сум дел баш од ова драмско студио тука се чуствувам среќно,спокојно и сите се сакаме и помагаме со нашата наставничка/актерка Благица, воедно и кординатор во Проект Среќа. Од кога сум дел од Проект Среќа Секој миг со нив ми е посебен,забавен,незаборавен и и Благодарам на Проект Среќа и на Кристина Арнаудова, што нашето детство го направи посебно од сечије исполнето со љубов,среќа,еднаквост,дружељубивост.❤
Андреј Г.
Не можеме да ја опишеме љубовта кон неа. Не можеме да го опишеме нејзиниот труд кој го вложи во нас со толку внимание и љубов. Морам да признаам, пред неа ние не знаевме за искрена љубов, искрено другарување и дружење на секој можен начин. А сега сме едно големо семејство. Знаете зошто? Затоа што таа го направи со нејзиното цело срце и не се штедеше со цела можна сила... Не можеме да ја замениме. Во ова семејство таа ни е и татко и мајка. Благица, те сакаме!
Децата од Неверленд
Чест и задоволство ни беше што не повикавте со брат ми. Привилегија за дружба со отворени срца. Вашата искрена љубов и грижа за секое дете е голем придонес за среќа.
Виктор С.

Сакате да ни помогнете?

Вашата помош, ќе им го подобри квалитетот на живеење на огромен број деца, од сите делови на нашата земја, кои живеат во сиромаштија.

Станете и вие!