Благодарност до донаторите за домот во Лисиче

За домот на кој моментално работиме, во Долно Лисиче, се пријавија донатори за скоро секој сегмент од градбата и уредувањето, а средствата за работна рака и ангажирање градежна компанија беа брзо собрани! Неверојатни сте и горда сум на сите вас за големите срца кои ги имате!
Затоа сакам да се заблагодарам на сите кои се вклучија, и заради кои набрзо бабата и дедото со двете внучиња ќе имаат сосема нов функционален дом, со се што е потребно за децата да се развиваат нормално и да живеат нормално.
Средствата за работна рака се донација од нашите пријатели, компанијата Road Legends од Чикаго, кои имаат претставништва и во Штип и Скопје, а се бават со транспорт,
и анонимен донатор, млад дечко со многу големо срце, физичко лице, кој не изненади позитивно со неговата донација!
Кров: донација од анонимен донатор
Бои лакови фасада стиропор : Хромак
Внатрешно уредување, теписи, мебел за надвор: Adziko Home Center
Бела техника : RiverSoft
Осигурување на домот: МАКЕДОНИЈА осигурување Виена Иншуренс Груп
Детска соба, ормари, кујна: Тамасо Оков мебел
Гарнитура за дневна: Spedicija Postolovi
Бироа, претсобје: Кршинар Дооел Скопје
Комода, масички, рафтови полици: akcija.com.mk
Електрични инсталации : ДООЕЛ Електро Лауда
Водовод: Катема инжињеринг
Плочкар: Baki Keramika
Изведувач: Балкан Градба
Бетон, кошулица: Gradezna kompanija ADRA
Осветлување: Led Osvetluvanje
Логистика, арматури, електро материјали: донатори ВИЕ кои дониравте на сметката на Проект Среќа ❤️
Горе доле за овој дом имаме се, сега треба само уште времето да не послужи!
А вие да гледате Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina секоја недела во 20ч на Телма❤️