Домот во Усје, успешно реновиран

Драги пријатели, минатата недела го завршивме домот – куќата во Усје, каде живеат татко и син,во склоп на проектот Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina Пресреќни сме што успеавме, бидејќи реконструкцијата на тој дом беше исклучително тешка со оглед на состојбата на куќата. Но, тоа немаше да биде возможно без луѓето и компаниите кои се вклучија, донираа и заеднички сонот го направивме реалност за ова семејство!
Благодариме на:
-Матеј Минчев и Димитри Горѓиев од Канада, млади момчиња кои се со македонско потекло, направија фандрејс , и собраа средства за да се покријат трошоците за работната рака кои беа највисока ставка. Ви благодариме од срце! ❤️
– Компанијата Road Legends која е компанија од Чикаго, но во сопственост на македонци, кои исто така се вклучија и донираа средства за нова кровна конструкција.
Хромак нашите пријатели за бои и лакови овде имаа голема задача, и ни беа од голема помош! Со нивните ѕидни бои, фасадни бои, лакови, стиропори и сл успеавме да направиме чудо! Ви благодариме❤️💪
– Градежната Компанија Eurovia Group која донираше прозорци
-Градежната компанија ADRA Dooel која не поддржа и донираше градежни материјали
Adziko Home Center кои се дел од секој дом
во Проект Куќа, а освен покуќнина, донираа теписи и ламинат.
RiverSoft кои повторно донираа бела техника и за овој дом,
Daikin Macedonia и Pakson, премиум партнер на @DaikinMacedonia, се наши нови пријатели и донатори, и за ова семејство донираа инвертер клима уред како решение за греење и ладење преку целата година. Еколошко решение кое ќе ја штити животната средина но и домашниот буџет ❤️! Благодариме!
– Иницијативата ЗАЕДНИЧКО И ОДГОВОРНО РОДИТЕЛСТВО И ПО РАЗВОД кои не поддржаа со средства кои ги наменивме за електрика, водовод и кошулица.
Mebel Acevski кои повторно беа со нас и ја изработија кујната, како и елементи за претсобје и масичка.
– @Chavle кои ни се нови наши пријатели донираа прекрасна трпезариска маса со столици
Софа Студио донираа раскошна дневна гарнитура и кревет за детска соба
KeraPro Kanaria и за овој дом донираа прекрасни плочки
Lotus Design – Zvezda Komerc донираа мебел за бања од сопствено производство и тоалетна шоља.
МАКЕДОНИЈА осигурување Виена Иншуренс Групсе наши верни пријатели за секој дом! Тие донираат годишно осигурување за секој дом во Проект Куќа и со тоа нашите семејства се безбедни од секој аспект! Во овој дом, тие се погрижија и за дворот на куќата, и затоа им благодариме од ❤️
Нипром / Niprom е компанијата која ги донираше внатрешните врати а
Sigurnosni vrati “Polar” ја донираа влезната врата.
Viento Lighting Skopje – Osvetluvanje i Ukrasuvanje и овој пат донираа расветни тела
Artella.mk за прекрасната слика за домот
Еурофарм Аптеки кои се грижат Кристина и мајсторите да имаат доволно сила и енергија со Jamieson Macedonia,
dm drogerie markt Makedonija пријатели на Проект Куќа кои за секој дом од Проект Куќа донираат козметика и хигиенски производи!
И Sloga Prom Uvoz-Izvoz D.O.O.E.L. Kavadarci кои донираат замрзната храна од својот асортиман за семејствата три месеци.
Постелнините за сите домови се од Immoricon.
Особена благодарност за Дејан, Благица, Бојана, Марија, Сашо, и децата од Детско Драмско Студио Неверленд на Проект Среќа, кои се вложија максимално себе за да завршиме успешно со оваа реконтрукција!
А како изгледа оваа реконструкција, ќе видите наскоро на ТВ кога @Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kuka so Kristina ќе почне да се емитува…