Полугодишен извештај

Почитувани соработници и поддржувачи на Проект Среќа,
Ви благодариме за вашата поддршка, разбирање и соработка во изминатиот период.
И покрај сите тешкотиии, со кои минатата година се соочувавме, и тешките последици од пандемијата од која сите бевме затекнати, хуманоста и поддршката за корисниците кои имаа потреба нити во еден момент не престана.  Успешно и според сите законски здравствени протоколи, успеавме да изреализраме во изминатите шест месеци доволно среќни активности кои не мотивираат и инспирираат за следните шест ги направиме подобри. Ангажманот, активноста и успешноста  во градењето среќа продолжуваат и во следниот период. Следува кус преглед на сработеното во првото полугодие од тековната 2021  година.

  • Во изминатите 6 месеци беа обезбедени храна и хигенски средства за 320 семејства- членови на здружението,
  • Благодарение на општествено одговорната компанија Глорија- млин Аргулица во периодот април- мај за 200 семејства беа обезбедени пакетчиња тестенини и брашно. Пакетите беа доставувани до домовите на семејствата преку Карго Експрес,
  • За 10 семејства беше обзебедена потребна покуќнина, мебел, садови и електорника за домовите,
  • Исто така во рамките на активноста храна за празниците
    ( велигденски празници) 100 семејства добија пакети храна од физички лица- донатори и хуманисти. Храната беше доставувана од донаторите до корисниците на здружението директно,
  • Грижата за здравјето е потребна, вежбањето и физчката активност се неопходност. Благодарение на Елена Бубало, 3 наши членки имаат можност да вежбаат во нејзинот центар,
  • Благодарение на KFC, пред Бајрам за 50 семејства беа обезбедени фамилијарни оброци од нивниот асортиман на производи,
  • Во рамките на проектот Волонтираме за солидарно општество за 20 економски најзагрозени семејства беа обезбедени пакет храна и хигенски средства ,
  • Со поддршка на Општина Ѓорче Петров беа обезбедени дрва за огрев за наши членови- семејства, жители на општината.
  • На почетокот на годината беше потпишан меморандум за соработка со нашиот поддржувач и компаниија пријател Биотек лабаратории, односно меморандумот овозможи за нашите корисници од Проект Среќа кои имаат потреба а немаат средства, дел од анализите да бидат изработени бесплатно,
  • Беа обновени договори за волонтерство со досегашни волонтери и регрутирани нови хумани млади лица кои сакаат да волонтираат и учат за волонтерство.
  • Започна активно со работа и функционирање Проект Куќа како дел од проектот Топол дом за сите, се примаа пријави на семејства и лица во социјален ризик, се проверуваа пријавите на терен од стручен тим, се одлучуваше и се планираше за обнова и реновирање на домовите,
  • Благодарение на Триглав Осигурување, нашата верна компанија пријател за 10 семејства во социјален ризик , членови на Проект Среќа беа обезбедени интернет услуги за цела година.
  • Хуманоста и емпатијата за општеството на двајца млади студенти со Македонско потекло кои живеат и учат во Канада беше мотив за да покренат фандрејс со што ќе им помогнат на децата и семејствата во Македонија да добијат свој дом,
  • Беа доделени признанија, благодарници и пофалници за нашите верни поддржувачи, соработници и хуманитарци. Проект Среќа во свое име и во име на своите корисници изрази искрена благодарност до сите хуманисти, филантропи и општествено одговорни компании за поддршката и соработката и им додели на сите благодарници за успешно реализраните заеднички активности од јавен интерес
  • Со честитки и пофалници објавени на социјалните медиуми, на сите соработнички од понежниот пол како и мајките и бабите членови на здружението беше честитан празникот на жената,
  • Во рамките на училиштето за музика Гитари, дирки и свирки, беше отворена нова група за гитара за почетници ,
  • Беше успешно реновиран домот на самохрана баба на три малолетни деца. Од стар, руиниран стан комплетно беше обновено и реновирано се. На децата им е дадена нова можност за подобар детски живот и подобри услови за растење, а за бабата се олесни просторот за одржување и полесно одгледување на своите внуци
  • Поради екот на ковид пандемијата која владееше скромно беше обележан празникот на здружението, т.е интернационалниот ден на Среќата. Беше јавно изразена благодарност  за можноста за создавање среќа во секој аспект на функционирањето и работењето на здружението.
  • Во изминатите месеци редовно преку социјалните мрежи  беше објавувана благодарност до компаниите кои искрено ја поддржуваат хуманоста и се грижат за општеството и заедницата во која функционираат, вложувајки во општествено одговорни проекти од јавен интерес, поточно компаниите кои со финасиски, матерјален, човечки капитал ја поддржуваат обновата и реновирањето на домовите од проект куќа на семејства во социјален ризик.
  • Успешно беше реализиран book fundraise, односно беше реализирана јавна продажба на книги преку социјалните страни на здружението. Средствата од продажбата беа наменети за обнова на домовите на семејствата од топол дом за сите. Книгите кои беа на продажба беа донирани од физички лица и компании кои сакаа да допринесат и учествуваат во обновата и реновирањето на домовите.
  • На 27ми Март беше одбележан денот на театарот. Наставничката на Неверленд детското драмско студио на Проект Среќа, Благица Ристов на своите ученици, им додели пофалници- дипломи за постигнатиот успех и реализираните театарски претстави низ цела Репубилка.
  • Во чест на промоцијата на театарската уметност и целото вложување, труд, работа и постигнати успеси со своите претстави и несебичното обучување на децата членови на детското драмско студио на наставничката Благица Ристов и беше додела пофалница од претседателот на Проект Среќа.
  • Беше склучен договор за соработка со уште една општествено одговорна компанија. Ривер софт ќе обезбеди бела техника за сите домови кои ќе бидат реновирани и обновени како дел од Проект Куќа,
  • Компанијата Immoricon за семејствата од Проект куќа чии домови ќе бидат реновирани, донираше 100 комплети постелнини
  • Како една од најпознатите светско општествено одговорни компании DM drogerii се приклучи со своја поддршка кон проектните активности на Проект Среќа. За семејството на Баба Милица овозможи прекрасен разноврсен  шопинг од својот асортиман на прозиводи.
  • Беше дадена поддршка и глас за нашите млади и редовни соработници odas_education за нивната успешна досегашна работа да продолжи,
  • Несебичната поддршка на Мебел Ацевски продолжи со донации на мебел за домовите на семејствата кои ги реновираме,
  • Благодарение на две општествено одговорни компании Sigurnosni vrati “Polar” и Нипром / Niprom , домот на Баба Милица го опремивме со нови и убави врати.
  • Освен обновен дом и подобри услови за домување внуците на баба Милица добија и нова гардероба благодарение на Fashion Group Macedonia
  • Подобрувањето на условите на живот за кои се грижиме не се само донации на храна и тековни хигенски потреби.Активностите на здружението се насочени кон целосно подобрување на секој аспект од животот како и создавање на подобри идни услови и можности за нашите членови, а тоа го правиме преку вложување во едукација и образование. Благодарејки на нашата компанија пријател едукативен центар Арс Ламина и Литература, за децата во семејствата чии домови ги реновираме обезбедуваме и соодветен  на возраста едукативен матерјал, колекција на книги.
  • Освен едукација се грижиме и за социјализација и забава, разубавување на квалитетот на живот на децата во социјален ризик. Благодарејки на Македонска Еспорт Федерација за внуците на баба Милица беше обезбеден и playsation,
  • Здравата животна средина е неопходна за здрав и квалитетен живот. Грижата за неа е најважна. Благодарение на Општина Карпош целиот градежен шут од реновирањето на домот на баба Милица беше коректно отстранет и фрлен на соодветно место,
  • Беше реновиран и вториот дом, социјален стан, за самохрана мајка на два малолетни сина од Велес.
  • Беше организиран и реализран и art fundraise на рачни ракотворби и уметнички дела од познати македонски креативци и уметнци. Уметниците донираа свои дела за продажба, а средствата од истите се неманети за обнова и реновирање на семејствата вклучени во проектот Проект Куќа/топол дом за сите,
  • Благодарејки на успешната соработка и поддршка од нашата верна компанија пријател Аџико Хоме центар, ги опремуваме домовите кои се реновираат со покуќнина од различен карактер зависно од потребите на семејствата,
  • Како нова компанија со која се потпиша договор за долгорочна соработка е Хромак. Тие ќе не поддржат во обновата на секој дом и ќе бидат присутни во секоја епизода на Проект Куќа,
  • Започна со обнова и реновирање домот на самохран татко и син од Скопје. Станува збор за куќа во многу лоша и руинирана состојба за која се потребни време и многу средства за да изгледа на убав и безбеден простор за домување. Мајсторите се уште не терен и неуморно градат среќа заедно со тимот на Проект Среќа,
  • Road Legends како општестевно одговорна компанија својата хуманост ја покажаа со поддршката на Проект Куќа и инвестиција за кровот на куќата во Усје,
  • Иницијативата ЗАЕДНИЧКО И ОДГОВОРНО РОДИТЕЛСТВО И ПО РАЗВОД уште еднаш ја покажа довербата во нашите активности и се придружи кон активностите за обнова на домот во Усје. Средствата од нивната донација ќе бидат искористени за обезбедување на градежни матерјали и електрична инсталација,
  • Како главна мотивација за сите проекти на здружението и реализација на сите активности се децата. Подобрување на квалитетот на живот на децата во социјален ризик и нивната иднина се инспирација на која се заснова нашето работење. Раскажувајки ја накусо приказната за настанувањето на ден на детето како и нашата приказна зошто и како работиме за децата на симболичен начин на социјалните мрежи го одбележавме овој интернационален празник. Во Проект Среќа секој ден е ден на детето.
  • Исто така, беше симболично со порака и благодарност на социјалните профили на здружението одбележан и денот на родителот,
  • На повикот и објавите за потребната поддршка од електрика и електични инсталации во обнова на домовите се пријави уште една општествено одговорна компанија Dantoni & ASV  која ќе биде наш партнер во градење на Среќа,
  • Борче- донирај компјутер не не заборава, нашата соработка и грижата за децата во социјален ризик продолжува и понатаму. И оваа година за децата членови на здружението обезбедивме компјутерски уреди.
  • Љубовта и добрината не познаваат граници и религии, хуманоста ни е заедничка карактеристика која не поврзува. Грижата за општеството и заедницата не спои со пасторот Филип и Евангелската Црква, со заеднички сили и труд да го обновиме домот на самохранта мајка во Велес,
  • Грижата за општеството и заедницата се неизбежен дел од нашето работење, за да може навремено и успешно да се реалзираат сите работи на терен и мајсторите да ја вршат успешно својата работа се погрижија нашите нови пријатели Jamieson Macedonia и Ice Power . Благодарение  на нивните делотворни препарати нашите мајстори имаат можност да ја опуштат својата мускулатура и да имаат сила за следниот ден.
  • Eurovia Group се погрижи за домот во Усје да има нови и квалитетни прозорци,
  • домот во Усје навистина беше во лоша состојба, потребно беше бетон и арматура за да може да се подобри состојбата и зацврсти структурата на куќата, за тоа се погрижи Адра дооел
  • благодарение на nova international school добивме 4 функционални  лап топ уреди кои ке бидат донирани на ученици- членови на здружението, пред почетокот на новата учебна година
  • компанијата со најдобар мебел за бањи lotus design Zvezda komerc станаа наши партнери во градењето среќа. Домовите кои ке ги реновираме ке бидат со мебел од оваа општествено одговорна компанија,
  • нашиот долгогодишен поддржувач во голем број проекти и активности Хотел Парк повторно ја покажа својата хумана страна и Настаните кои ги организираат по повод отварањето на Four Garden, ќе имаат хуман аспект со тоа што дел од прометот од 23-ти до 30-ти јуни, ќе биде наменет за обезбедување на училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, обезбедувајќи им училишна опрема, ранци, и уреди, секоја година, во склоп на нашиот проект ,,Среќна Школска Година,,.

Искрено, сме благодарни за целата ваша поддршка и соработка, успесите ке продолжиме да ги остваруваме заеднички и во следните месеци.

 

Со почит,
Ваша Проект Среќа