Донирајте за изградба на топол дом на две братчиња

Драги пријатели,
за овој дом, каде две дечиња, братчиња живеат со баба и дедо, во тешки и лоши услови, без тоалет,кревети итн…веќе три месеци во Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina неможеме да најдеме донатор! А луѓето чекаат, ладни денови доаѓаат! Најголемиот трошок е работна рака за мајстори, а тука има мнооогу за работа, за жал. Од нов кров, до зидови, инсталации, тоалет, плафони….Ајде да покажеме дека можеме и овој пат да собереме средства! Секој од вас кој може да донира е добредојден, било која сума! Целта е да допреме до компании кои ќе сакаат да го покријат трошокот за работна рака, и за изработка на нов кров! Затоа поделете ја оваа објава, и заеднички ќе изградиме топол дом за овие деца! #Share Please❤️