Топол дом за сите

Топол Дом за сите е хуманитарен проект , чија цел е обнова и  реновирање на домовите на децата и семејствата во социјален ризик и семејства соочени со сиромаштија.
Од досегашното работење и сите претходно реалзирани проекти и активности ние како вработени и членови на Проект Среќа имавме можност да влеземе во многу  домови и запознаеме семејства кои живеат во нехумани и тешки животни услови. Станува збор за руинирани, запуштени или недозиградени домови со влага. Тоалетите  кои семејствата ги користат се во многу лоша состојба , а некаде и  воопшто  не постојат. Повеќе лица живеат во една приспособена  просторија, прозорци и врати кои не дихтуваат, детските соби или детските катчиња се само идеа или  фантазија.   „Инспирирани“ од сликите кои ги видовме и желбата за подобрување на условите за  живот на децата и семејствата во социјален ризик започнавме соактивности  за  реализација на Топол дом за сите.
Проектот започна на 15 декември 2019 година со официјална промоција и прес за проектот. Беше снимена „Новогодишна„ песна и спот како промотивен приказ за реалната состојба  во која дечињата живеат и го преживувааат секојдневието.
Првенстевно се одбрани 10 семејства на кои во тековната година ќе се потрудиме да им ги реновираме и обновиме домовите. Како критериуми по кои беа одбрани семјствата се : да бидат регистрирани членови на нашето здружение, да имаат деца, да се со статус на социјален ризик, домовите да бидат во нивна сопственост, рунинирани  домови и нехумани услови за живот.