И јас сум Дедо Мраз 2018

15 ноември – 30 декември 2018

хуманитарен проект
Новогодишна акција, каде Дедо Мраз, со кочија полна подароци посетува деца од сиромашни семејства и им носи подароци за Нова година.

Оваа акција е наменета на оние деца кои живеат во тешки услови, и на овој начин сакаме да им покажеме дека убавите мигови постојат, секој треба да сонува и да верува во соништа, да им дадеме на знаење дека не се заборавени, но и дека  доброто секогаш на крај победува.

Oова беше најуспешниот хуманитарен проект за 2018 гоина  на нашето здружение, донирани беа преку 2000 подароци, од физички лица, јавни личности, и компании, а Дедо Мраз посети повеќе од 700 деца, во нивните домови, но и во институции каде штитеници се деца во социјален ризик, и деца со посебни потреби.

Овој проект го поттикнува целото општество заеднички да  изградиме посреќно општество,ги поттикнува компаниите на општествена одговорна практика, а поединците ја остваруваат својата желба за филантропија и создавање среќа на оние на кои им е потребна токму на овој начин.