Здраво Шампиони

Проект за набавка на спортска опрема и годишни спортски чланарини за деца кои сакаат да се занимаваат со спорт, рекреативно или професионално,а немаат услови за тоа, односно се лица во социјален ризик.

Проектот се однесува на сите деца кои  се пријавија, од цела Македонија. За секое пријавено дете се обезбеди спортска опрема и годишна чланарина во клубот во кој сакаат да спортуваат.

Овој проект го работиевме со поддршка на Агенција за млади спорт на Република Македонија, и Сојуз на Спортови Скопје, односно ,,Скопски Маратон,,.

Сите кои сакаа да го подржат овој проект, тоа можеа да го направат со уплата на финансиски средства или купување на спортска опрема за децата.