Завршивме со реконструкција на домот на баба Милица

Денес конечно го предадовме старо-новиот дом на баба Милица и нејзините три внуци! Ова беше тешка, долга реконструкција, но направена со многу многу љубов! Радоста на нивните лица не се опишува со ниту еден збор! Едвај чекам да го поделам тоа и со вас, во емисијата Проект Куќа од септември! На крај сакам да се заблагодарам и на Општина Карпош  која ни помагаше со градежниот шут додека работевме, и не дозволи да се собере и да се направи неред. Е сега да земеме малку душа, па следна недела продолжуваме…. Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina