шарено лето

Проектот ,,Спортско забавен камп за деца во социјален ризик – Шарено Лето 2020,, оваа година се одржа во една смена, и го посетија 25  деца од Скопје и околината.

Кампот траеше 6 дена, а децата беа сместени во одмаралиште Михајлово-Кожуф планина,  планинарење,  активности, игри, анимации, забави и спортување.

Оваа година на кампот заради состојбата со пандемијата на Ковид 19-Корона вирус, немавме надворешни гости, како што останатите години вообичаено имаме. Секое дете доби ранче, со козметика, средство за дезинфекција и маски, како и маички со логото на кампот.

На  крај на кампот секое дете доби и диплома за спомен.