Проектна Програма за 2021

Драги пријатели,соработници, поддржувачи, филантропи и партнери на нашето здружение Проект Среќа, денес, со вас сакаме да ја поделиме нашата проектна програма за 2021 година.

Оваа година ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи работиме на нови,но и веќе познати,  големи проекти, за кои поставивме јаки темели минатите  години. Некои проекти се нови, а некои се веќе традиционални. Минатата 2020 за нас, како здружение, беше најтешка до сега. Како и сите, и ние се соочивме со многу проблеми како последица од кризата со пандемијата на Ковид19-Корона вирусот. Најмногу тоа се одрази на финансирањето и поддршката која ја добивавме од компаниите. Таа поддршка во голем дел изостана, а ние работевме и се соочувавме со огромни предизвици, да набавивме хуманитарна помош за сите на кои им беше потребна, да ги реализираме проектите во едни нови услови и протоколи, но и да преживееме.

Вашата поддршка оваа 2021 ќе биде повеќе од потребна за да застанеме на нозе и да продолжиме со истиот интензитет на работа.

  • Детско драмско студио за деца во социјален ризик ,,Неверленд,,

Ова детско драмско студио, кое го отворивме 2019 година, трета сезона по ред работи,со многу голем успех,  а е наменето за сите оние деца,кои имаат желба и љубов кон актерството и театарот а се од 6 до 14 години. Имаме часови 2 пати неделно, и спремаме наша програма и претсави, кои ги играме пред сите деца во Македонија.  Драмското студио е бесплатно за сите деца кои ќе го посетуваат, а се во категоријата ,,социјален ризик,,. Драмското студио  го води нашата Благица Ристов, дипломирана актерка, која има големо искуство во работата со детски драмски студија и детски претстави.

Им благодариме од срце што не поддржуваат, и што препознаваат вистински конструктивни проекти.

Овој проект е во соработка и поддршка на Општина Центар.

Минатата година турнејата на ,,Неверленд,, низ Македонија беше реализирана со поддршка на Министерството за култура и локалните самоуправи.

  • Училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари дирки и свирки,,.

,,Гитари дирки и свирки,, е  првото училиште од ваков тип во нашата земја,кое го отворивме 2019 година, и е наменето за децата во социјален ризик да можат да изучуваат уметности, музика, и се она кое заради некои околности, им е недостапно во секојдневието. Ова училиште е сосема бесплатно за сите нив. Се изучува гитара, клавир, од оваа година ќе имаме и наш хор, ќе се изучува ликовната уметност и разни техники, фотографија, рачни изработки, и тоа со организирање на работилници. Учениците  ги учат професионални музичари, уметници, фотографи и тн. Наменет е за деца од 6 до 14 години.

Секоја нова поддршка во овој проект,  од компанија, државен орган,меѓународен фонд или физичко лице, е добредојдена, заради одржливост на овој значаен проект.

  • Спортско забавен летен камп за деца во социјален ризик ,,Шарено Лето,,.

  Овој проект ви е веќе познат, и годинава по петти пат ќе го реализираме. Еден од нашите најомилени и најпознати проекти. На овој камп се родија многу нови пријателства, спомени, знаења, и за многу деца, се случи првиот летен одмор. Овој камп е бесплатен за сите деца.

Проектот е финансиран од Град Скопје, преку програма за финансирање и поддршка на социјални проекти и проекти за детска заштита за 2020 година. Поддржан е и од бизнис секторот (ЕВН, Сенатор, Еурофарм)

  • Среќна школска година,,- проект за набавка на школски материјали за деца во социјален ризик.

Ова е исто така проект кој петта година по ред ќе го реализираме. Минатата година скоро цела година бевме фокусирани на овој проект, со оглед на тоа што децата почнаа да учат онлине а немаа уреди. Се бавевме со набавка на уреди и успеавме да обезбедиме лап топи, таблети и телефони за околу 300 деца, како и годишна интернет претплата за 20 семејства.

Овој проект набавува нова, комплетна школска опрема за над 300 деца годишно. Секое дете го добива токму она, кое на него му е потребно, зависно од возраста и одделението кое го посетува. Проектот е поддржан од голем број компании, физички лица, организации и сл.

  • Прва конференција за деца во социјален ризик    ,,Самит на детски желби,, .

Овде децата се главни, тие ни кажуваат како да изградиме подобар свет за нив, децата со помалку можности.
Што тие мислат дека може да се промени, кои се нивните болки и нивните среќи. Овде треба да ги чуеме, бидејќи тие знаат и можат многу повеќе отколку што мислиме.  Во 2018  за прв пат го реализиравме овој проект, и имаше навистина голем успех. Минатата година не успеавме да најдеме финансиска поддршка за овој проект.
Годинава ќе се потрудиме да најдеме, и да биде уште подобар. Ова е единствен проект од ваков тип во Европа. Ако има услови за организација, оваа 2021 годима имаме желба повторно да го реализираме.

  • Мотивациони предавања и психолошки работилици за деца во социјален ризик, за подобрување на образовни резултати и справување со врснички булинг ,,Ти можеш,,.

Ова е уште еден наш нов проект, а се однесува на мотивирање на децата кои живеат во тешки услови, или кои се жртви на врснички булинг. Со пријавените деца ќе работат психолог, и мотивациони предавачи специјализирани за работа со деца. Очекуваме голем успех со овој проект. Предавањата и работлиците ќе траат една година, а ќе се оддржуваат по 3 месечно.

За овој проект очекуваме да најдеме финансиска поддршка.

  • Интегрален проект за асистенција и подобрување на секојдневниот квалитет на живеење, на децата во социјален ризик ,, Допри ги ѕвездите,,  преку создавање на бесплатни услуги, кои децата ќе ги користат.

Овој проект го започнавме минатата година, и веќе создадовме многу бесплатни услуги за децата преку него. Голем и комплексен проект, кој веруваме дека ќе направи огромна разлика во квалитетот на живеење на децата со помалку можности. Курсеви по странски јазици, влезници за зоолошка, театар, храна, лизгалиште, луна парк, аква парк, базени, спортски активности …Се ова го обезбедивме како бесплатна услуга, за нашите деца, преку потпишување на меморандуми за соработка со компании, иституции и филантропи.
Овој проект го работиме без финансиска поддршка, но се надеваме дека годинава ќе ја добиеме, со оглед на големото значење кое овој проект го има за децата, и огромниот број на деца за кои се достапни овие услуги.
Проектот се реализира преку потпишување на меморандми за соработка со голем број на институции, јавни установи и компании кои нудат бесплатни услуги за деца во социјален ризик, наши членови.

  • Годишен концерт на училиштето за музика и умености ,,Гитари Дирки и Свирки,,
  • Топол дом за сите/ Проект Куќа

На семејства од целата земја, кои се категорија социјален ризик, и кои имаат деца, а живеат во исклучитено тешки услови,без основни услови за живеење,имсе градат или реновираат живеалиштата комлетно.
Овој проект доби и ТВ проект, кој се вика ,,Проект Куќа со Кристина,, а ќе се емитува на Телма телевизија од септември.  Проектот е поддржан од OSCE Macedonia , и голем број компании и физички лица.

  • Премиера на нова претстава на ДДС Неверленд која ќе ја играме пред многу деца низ цела земја.

 Програмата за ова година е многу голема и комплексна, но ќе дадеме се од себе да се реализира се што планираме и што сонуваме. Поддршката од компаниите, локалната самоуправа, државните органи, меѓународните организации, асоцијации, и физичките лице ќе ни биде повеќе од неопходна.

Со почит,

Кристина Арнаудова Петровски
Претседател на здружението