Проектна Програма за 2019 година на здружението за хумано општествен развој Проект Среќа

Драги пријатели,соработници, поддржувачи, филантропи и партнери на нашето здружение Проект Среќа, денес, со вас сакаме да ја поделиме нашата проектна програма за 2019 година.

Оваа година ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи работиме на нови, големи проекти, пионерски во нашата земја.

Вашата поддршка ќе биде повеќе од потребна.

 

  1. Детско драмско студио за деца во социјален ризик

,,Неверленд,,

ова детско драмско студио, ќе биде наменето за сите оние деца,кои имаат желба и љубов кон актерството и театарот а се од 6 до 14 години. Ќе имаме часови 2 пати неделно, и ќе спремаме наша програма и претсави, кои ќе се потрудиме да ги играме пред сите деца во Македонија.  Драмското студио ќе биде бесплатно за сите деца кои ќе го посетуваат, а се во категоријата ,,социјален ризик,,. Драмското студио ќе го води нашата Благица Ристов, дипломирана актерка, која има големо искуство во работата со детски драмски студија и детски претстави. Овој проект е во соработка и поддршка на Општина Центар. Им благодариме од срце што не поддржуваат, и што препознаваат вистински конструктивни проекти.

 

  1. Училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари дирки и свирки,,.

,,Гитари дирки и свирки,, ќе биде првото училиште од ваков тип во нашата земја, кое ќе биде наменето за децата во социјален ризик да можат да изучуваат уметности, музика, и се она кое заради некои околности, им е недостапно во секојдневието. Ова училиште ќе биде сосема бесплатно за сите нив. Ќе се изучува гитара, клавир, ќе имаме наш хор, ќе се изучува ликовната уметност и разни техники, фотографија, рачни изработки, и тоа со организирање на работилници. Учениците ќе ги учат професионални музичари, уметници, фотографи и тн. Наменет е за деца од 7 до 14 години. Овој проект е поддржан од неколку компании: ARMOR PLUS Skopje, Tikveš Winery, Солопром.

Секоја нова поддршка во овој проект,  од компанија или физичко лице, е добредојдена, заради одржливост на овој значаен проект.

 

3.Спортско забавен летен камп за деца во социјален ризик ,,Шарено Лето,,.

Овој проект ви е веќе познат, и годинава е трета година што ќе го реализираме. Еден од нашите најомилени и најпознати проекти.

 

4.,,Среќна школска година,,- проект за набавка на школски материјали за деца во социјален ризик.

Ова е исто така проект кој трета година по ред ќе го реализираме.

 

  1. Прва конференција за деца во социјален ризик

,,Самит на детски желби,, .

Минатата година за прв пат го реализиравме овој проект, и имаше навистина голем успех. Годинава ќе се потрудиме да биде уште подобар.

Ова е единствен проект од ваков тип во Европа.

 

  1. Мотивациони предавања и психолошки работилици за деца во социјален ризик, за подобрување на образовни резултати и справување со врснички булинг ,,Ти можеш,,.

Ова е уште еден наш нов проект, а се однесува на мотивирање на децата кои живеат во тешки услови, или кои се жртви на врнички булинг. Со пријавените деца ќе работат психолог, и мотивациони предавачи специјализирани за работа со деца. Очекуваме голем успех со овој проект. Предавањата и работлиците ќе траат една година, а ќе се оддржуваат по 3 месечно.

 

  1. Интегрален проект за асистенција и подобрување на секојниот квалитет на живеење, на децата во социјален ризик ,, Допри ги ѕвездите,, .

Ова е уште еден нов проект , многу голем и комплексен, кој веруваме дека ќе направи огромна разлика во квалитетот на живеење на децата со помалку можности. Се надеваме на успех и поддршка, бидејќи со овој проект сакаме да ја направиме досега најголемата стручна волонтерска мрежа во Македонија, која ќе им го подобрува квалитетот на живеење и образование на сите деца на кои тоа им е потребно.

  1. Новогодишен проект

Годинава нашиот новогодишен проект ќе се фокусира на мотивирање на населението да се донираат финансиски средства со кои директно ќе им го подобриме животот на децата кои живеат во екстремна сиромаштија, и fund-raising кампања.

 

Програмата за ова година е многу голема и комплексна, но ќе дадеме се од себе да се реализира се што планираме и што сонуваме. Поддршката од компаниите и физичките лице ќе ни биде од огромно значење

 

 

Со почит,

Кристина Арнаудова Петровски

Претседател на здружението