Приклучете се кон градењето среќа

Идејата на Проект Куќа, и градењето на среќата на нашите сограѓани кои за жал немале толку среќа во животот како многумина од нас, е да се приклучува заедницата и општеството. На пример, кога реновираме или градиме во Прилеп, Велес, Куманово итн, очекуваме локалните компании за санитарии, ламинат, плочки, мебел, прозорци, електрика, градежни фирми итн да ни се приклучат! Значи сега бидејќи ќе градиме среќа во Прилеп за вдовица со три дечиња, и Велес самохрана мајка со две деца, очекуваме да се активираат граѓаните и компаниите од Велес и Прилеп! Приклучете се и бидете дел од големиот караван на среќата која ги исполнува соништата на оние кои мислеле дека никој не мисли на нив ❤️ Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina