Нова гитара донирана за „гитари, дирки, свирки„

 На 10 септември добивме нова клаична гитара за нашето музичко училиште,  прекрасна донација!
Дел од средствата од продажбата на билетите за бродвејскиот мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“, одржан на 23 декември 2019 г., КРЕО-АКСИС – Здружението за инклузивно и неформално образование, ги намени за донации. Една класична гитара и дел од книгите кои беа донација од посетителите, ги подари на музичкото училиште за деца со помалку можности ,,Гитари, дирки и свирки,, – проект на здружението Проект Среќа. Нека ни се множат вакви убави подароци ❤️