Годишна Програма

Драги пријатели,соработници, поддржувачи, филантропи и партнери на нашето здружение
Проект Среќа, денес, со вас сакаме да ја поделиме нашата проектна програма за 2020 година.
Оваа година ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи работиме на нови,но и веќе познати,
големи проекти, за кои поставивме јаки темели минатата година.
Вашата поддршка ќе биде повеќе од потребна.

1. Детско драмско студио за деца во социјален ризик
,,Неверленд,,
ова детско драмско студио, кое го отворивме минатата година, е наменето за сите оние деца,кои
имаат желба и љубов кон актерството и театарот а се од 6 до 14 години. Имаме часови 2 пати
неделно, и спремаме наша програма и претсави, кои ги играме пред сите деца во Македонија.
Драмското студио е бесплатно за сите деца кои ќе го посетуваат, а се во категоријата ,,социјален
ризик,,. Драмското студио го води нашата Благица Ристов, дипломирана актерка, која има големо
искуство во работата со детски драмски студија и детски претстави. Овој проект е во соработка и
поддршка на Општина Центар. Им благодариме од срце што не поддржуваат, и што препознаваат
вистински конструктивни проекти.
Минатата година ,,Неверленд продуцираше две детски претстави, и со особен успех ги играше
пред многу публика.
-Волшебникот од оз и
-Писмо до Дедо Мраз.

2. Училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари дирки и свирки,,.
,,Гитари дирки и свирки,, е првото училиште од ваков тип во нашата земја,кое го отворивме
минатата година, и е наменето за децата во социјален ризик да можат да изучуваат уметности,
музика, и се она кое заради некои околности, им е недостапно во секојдневието. Ова училиште ќе
биде сосема бесплатно за сите нив. Се изучува гитара, клавир, од оваа година ќе имаме и наш хор,
ќе се изучува ликовната уметност и разни техники, фотографија, рачни изработки, и тоа со
организирање на работилници. Учениците ќе ги учат професионални музичари, уметници,
фотографи и тн. Наменет е за деца од 6 до 14 години.
Секоја нова поддршка во овој проект, од компанија, државен орган,меѓународен фонд или
физичко лице, е добредојдена, заради одржливост на овој значаен проект.

3.Спортско забавен летен камп за деца во социјален ризик ,,Шарено Лето,,.
Овој проект ви е веќе познат, и годинава по четврта година ќе го реализираме. Еден од нашите
најомилени и најпознати проекти.
На овој камп се родија многу нови пријателства, спомени, знаења, и за многу деца, се случи
првиот летен одмор.
Секоја година е поддржан од неколку компании, а минатата година мнозински беше финансиран
од Град Скопје.

4.,,Среќна школска година,,- проект за набавка на школски материјали за деца во социјален
ризик.
Ова е исто така проект кој четврта година по ред ќе го реализираме.
Овој проект набавува нова, комплетна школска опрема за над 300 деца годишно. Секое дете го
добива токму она, кое на него му е потребно, зависно од возраста и одделението кое го посетува.

5. Прва конференција за деца во социјален ризик
,,Самит на детски желби,, .
Овде децата се главни, тие ни кажуваат како да изградиме подобар свет за нив, децата со помалку
можности.
Што тие мислат дека може да се промени, кои се нивните болки и нивните среќи. Овде треба да
ги чуеме, бидејќи тие знаат и можат многу повеќе отколку што мислиме.
Во 2018 за прв пат го реализиравме овој проект, и имаше навистина голем успех. Минатата
година не успеавме да најдеме финансиска поддршка за овој проект.
Годинава ќе се потрудиме да најдеме, и да биде уште подобар.

Ова е единствен проект од ваков тип во Европа.

6. Мотивациони предавања и психолошки работилици за деца во социјален ризик, за
подобрување на образовни резултати и справување со врснички булинг ,,Ти можеш,,.
Ова е уште еден наш нов проект, а се однесува на мотивирање на децата кои живеат во тешки
услови, или кои се жртви на врнички булинг. Со пријавените деца ќе работат психолог, и
мотивациони предавачи специјализирани за работа со деца. Очекуваме голем успех со овој
проект. Предавањата и работлиците ќе траат една година, а ќе се оддржуваат по 3 месечно.
За овој проект очекуваме да најдеме финансиска поддршка.

7. Интегрален проект за асистенција и подобрување на секојдневниот квалитет на живеење, на
децата во социјален ризик ,, Допри ги ѕвездите,, преку создавање на бесплатни услуги, кои
децата ќе ги користат.
Овој проект го започнавме минатата година, и веќе создадовме многу бесплатни услуги за децата
преку него. Голем и комплексен проект, кој веруваме дека ќе направи огромна разлика во
квалитетот на живеење на децата со помалку можности.
Курсеви по странски јазици, влезници за зоолошка, театар, храна, лизгалиште, луна парк, аква
парк, базени, спортски активности …Се ова го обезбедивме како бесплатна услуга, за нашите деца,
преку потпишување на меморандуми за соработка со компании, иституции и филантропи.
Овој проект го работиме без финансиска поддршка, но се надеваме дека годинава ќе ја добиеме,
со оглед на големото значење кое овој проект го има за децата, и огромниот број на деца за кои
се достапни овие услуги.

8. Ден на среќата – 20 Март
За прв пат во нашата земја, сакаме да го одбележиме Денот на среќата, со низа среќни
активности, кои ќе ги мотивира сите граѓани да размислуваат повеќе за тоа, колку малку е
потребно за среќа, и колку е создавањето услови за среќа е важно за едно општество.

9. Драмска ,,Неверленд,, турнеја низ Македонија.
Нашето детско драмско студио ќе тргне на турнеја низ земјава, за да ја приближи театарската
уметност до сите деца, кои ретко имаат можност да гледаат театарски претстави.

10. Годишен концерт на училиштето за музика и умености ,,Гитари Дирки и Свирки,,

11. Новогодишен проект
Годинава нашиот новогодишен проект ќе се фокусира на мотивирање на населението да се
донираат финансиски средства со кои директно ќе им го подобриме животот на децата кои
живеат во екстремна сиромаштија, и fund-raising кампања.

Програмата за ова година е многу голема и комплексна, но ќе дадеме се од себе да се реализира
се што планираме и што сонуваме.
Поддршката од компаниите, локалната самоуправа, државните органи, меѓународните
организации, асоцијации, и физичките лице ќе ни биде повеќе од неопходна.

Со почит,
Кристина Арнаудова Петровски
Претседател на здружението