фандрејс акција за Топол дом во Канада

Двајца млади студенти по потекло од Македонија, но кои живеат во Канада, Димитри Горгиев, студент на прва година на Western University и Матеј Минчев, студент на трета година на University of Ottawa, кои живеат во Торонто, решија да покренат фандрејс со што ќе им помогнат на децата и семејствата во Македонија да добијат свој дом. Овие двајца млади луѓе се наша инспирација и треба да се пример за сите млади луѓе, како се менува општеството со сопствени сили! Ви благодариме вам прекрасни момчиња но и на вашите семејства кои толку прекрасно ве воспитале во духот на филантропијата! Заедно можеме навистина да го промениме светот! Само ако сакаме ❤️