Целодневни активности со дечињата на Семејство Симоновски

Додека се работи на куќата на Ајнур и неговите дечиња, денес Кристина и децата имаа ден за среќа и уживање. Се дружеа цел ден! Прво беа во Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје каде водич едукатор ги прошета и им раскажуваше се’ за животните, потоа во Сити Мол во Miniso Macedonia ,каде се купуваат најубавите подароци на свет, децата можеа да си одберат и земат се што сакаат, и на крај јадеа најубави бургери во Trend Caffe! Љубица, Јасмина, Алмир и Леонора земаа подароци и за најмалиот Анџело кој сепак остана со својот татко бидејќи е многу мал. Навистина прекрасен ден благодарение на сите наши пријатели! Секое дете треба да знае дека е посебно и вредно! #проектсреќа