Благодариме на локалната бизнис заедница од штип за учеството во Проект Куќа

Во Штип на Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina на нашиот повик да се вклучи локалната бизнис заедница одговорија ZLATEV мебел кои ќе го изработат плочестиот мебел за станот на кој работиме, а исто така ни се приклучи и Coffee Lab кои ќе помогнат со дел од мебелот. Intro Invest од Штип пак се понудија да помогнат со гипс картони и за овој и за други домови, и сме среќни за новите соработници! Adziko Home Center овој пат ни помагаат не само со производи од нивниот богат аспртиман, туку и со логистика, мајстори, а тоа ни значи многу! Браво Штип! Вистината е дека ние сами без сите Вас неможеме ништо! Идејата на Проект Куќа е да покажеме дека сплотени можеме со нашите дела да направиме големи промени. Мислам дека сме на добар пат тоа да се случи! За Штип се уште имаме недостаток на мек мебел, па сите кои можат се добредојдени да се вклучат! ❤️