Children’s Wishes Summit

First Conference for Children with fewer opportunities

 

 

This is an overview of our projects. Events are not included in our official programme. More about our events can be found on the menu under EVENTS and ACTIVITIES.

 

На 17 Октомври на интернационалниот ден за борба против сиромаштијата нашето здружение ,,Проект Среќа,, ја организираше првата конференција за деца во социјелен ризик, каде децата беа главните гости и говорници, тие беа нашите ѕвезди, тоа што сакавме да го порачаме беше ,,Овде сме за вас!,,.

На самата конференција, беше презентирана и годинешната видео кампања на ,,Проект Среќа,, за градење на одговорно и филантропско општество, која ја работеше агенцијата ,,Њу Момент,,.

На оваа конференција-дружба присуствуваа голем број на деца, сите во различен вид на социјелен ризик, и сите тие регистрирани во нашето здружение ,,Проект Среќа,,. Тие зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно, за нивните соништа, желби, зборувавме за тоа како да ја направиме заеднички оваа земја подобро место за нив, нашите идни генерации,особено за децата и младите кои ги немаат истите можности и предности како нивните другарчиња.

Целта беше за прв пат да ги слушнеме нив,тие деца,нашата иднина, и заедно да работиме на создавање можности токму за нив. Без среќни деца нема среќна иднина! Да ги извадиме од нивната социјална изолација.

На самиот настан присуствуваа дел од државниот врв, како и многу други наши пријателски здруженија, и организации.

Во склоп на овој настан, проектот на Фери- Шер а диш ( Fairy- Share a dish) кој компанијата Проктер и Гембл го организира низ многу земји, на секое присутно дете му подари голем пакет со производи, храна и детски изненадувања!

Овој настан , заради тоа што се работи за деца, и затоа што сметаме дека експонирање од таков тип би им наштетило на децата и нивната ментална состојба, не беше отворен за медиумите.

Проект Среќа исклучително внимава по прашањето ,,медиумско екпонирање и злоупотреба на деца во социјелн ризик,, и се труди да ги заштити децата кои се дел од ова здружение, на секаков начин.