Среќно Матуранти

20 март – 20 април 2018

хуманитарен проект

Проект наменет за сите матуранти , полуматуранти, и апсолвенти од социјално загрозени семејства, деца без родителска грижа, деца кои живеат во дом семејства, и  кои живеат со еден родител.

Оваа проектна акција ги облече за матурската ноќ, сите оние кои  се пријавија.

Преку донации од копмании и физички лица,беше обезбедена облека, обувки и комплетен стајлинг за околу 150 матуранти.

Проектот беше во соработка со средните и основните училишта во Република Македонија.

Нашето здружение во оваа акција, се појавува како иницијатор, организатор, и медијатор, помеѓу оние на кои им треба ваква помош, и од друга страна сите оние кои сакаат да помогнат на било каков начин.

Минатата година им беше помогнатона 120 лица, а учествуваа преку 300 донатори.