среќна школска година

На проектот „Среќна школска година„, кој активно го реализираме пет години и во кој обезбедуваме школски прибор и опрема за нашите членови оваа година му дадовме малку поинаква димензија и големина. Наместо донации во тетратки, моливи и гуми оваа година собираме  компјутерски уреди.

Благодарение на општествено одговорна компанија СП маркет, која верува во нашата работа и се грижи за општеството и заедницата на почетокот на годиниата ни беше дониран школски прибор кој е поделен на  учениците, членови на нашето здружение.

Но акцијата за донации продолжува тековно  да трае, доколку Вие  имате телефон, компјутер, лаптоп или таблет кој не ги користите може да ги донирате и направите хумано дело со што ќе го олесните образовниот процес кај децата кои имаат потреба за истите.

Со донацијата вложувате во иднината на младината и нивниот пат до едуцирани, образовани личности.

Здружени можеме повеќе заедно можеме се!!!

Секое дете заслужува образование. Иднината на младите зависи од сегашните акции.