На денешен ден пред една година се радувавме на убавата изведба на предпремиерата на „Волшебникот од ОЗ„ бевме пресреќни и во исчекување за големата ноќ и премиерата на претствата на малата сцена на МНТ.
Искуство кое направи голема промена во детските животи. Од непознати другарчиња станаа семејство на сцената кое го привлече целото внимание на многубројна публика.
Долгите часови работа кои прекрасната наставничка по глума Blagica Ristov ги имаше со децата допринесоа за уште попрекрасна изведба на детската претстава.
Ништо од ова немаше да биде возможно доколку нашата добра „самовила„ Kristina Petrovski Arnaudova не ги сакаше толку децата и не се трудеше за еден поубав детски свет.
Голема благодарност до сите компании и пријатели кои ја подржаа реализацијата на „Волшебникот од ОЗ„
Заедно можеме повеќе, здружени можеме се.
А денес,и по втор пат ќе се радуваме на премиерата. Овој пат онлајн 🤩🥳