Луѓето со големи срца и одговорност кон општеството каде остваруваат профит, ни се приклучуваат секој ден! Нашата соработка со Гала Кујна ја официјализиравме септември месец 2019 година, со потпишување на меморандум за соработка. Директорот на Гала Кујна, и претседателката на Проект Среќа, се договорија дека зеднички ќе придонесуваат за поквалитетен живот на многу дечиња со помалку можности. Гала Кујна, која и до сега ни беше соработник, ќе се погрижи да нема деца кои немаат храна. На наша дојава,за случај на семејство кое во моментот нема средства за храна, тие ќе достават на семејството, неколку оброци за неколку дена.