меморандум за соработка со Авицена Лабраторија

Претседателка на „Проект Среќа“ Кристина Арнаудова  на 06 јуни 2019 година потпиша  меморандум за соработка со најдобрата лабораторија во нашата земја, Avicena Laboratorija. Оваа соработка значи дека, кога дете кое е наш член ќе има потреба од крвни анализи а  нема средства за тоа да го покрие, Авицена ќе ги направи анализите бесплатно. Многу сме среќни и горди на оваа соработка, бидејќи со тоа ги прошируваме услугите кои значително го подобруваат квалитетот на живеење на децата во социјален ризик кои се наши членови.