По вчерашната објава за комплетно реновирање на домот на девојката од Штип, која беше жртва на насилство и остана сама без никого, прва компанија која се пријави за да донира и помогне беше Adziko Home Center од Штип, кои веќе традиционално донираат од срце. Тие ќе донираат се она што имаат на располагање во нивниот центар, значи комплетна покуќнина, теписи, постелнина, мали електрични апарати, осветлување!
Аџико се веројатно една од најширокоградите и општествено одговорни компании со кои било кога сме соработувале! Секоја Ви чест! Затоа секогаш кога треба да купувате, одберете ги компаниите кои најмногу враќаат во општеството во кое работат. Пример сте за сите, очекуваме и останатите компании да се приклучат!