Топол дом за сите

,,Топол дом за сите,, е новогодишна кампања со која од денес до 15 јануари активно ќе собираме средства за реконструкција на домови каде живеат деца во најтешки услови. Ќе видат одбрани 15 семејства, и објавени наскоро. ЗАТОА ШТО НИЕДНО ДЕТЕ НЕ СМЕЕ ДА ЖИВЕЕ БЕЗ КРЕВЕТ И КРОВ НАД ГЛАВАТА. Броевите за донација се отворени. Ваше е да ни се приклучите и да не поддржите на начин на кој можете. Целата кампања ќе биде максимално транспарентна како и се што работиме. Ова е најголемиот предизвик до сега. Ваков проект со ваков обем не е до сега реализиран во нашата земја, и поддршката од сите вас е неопходна за да успееме во создавањето среќа за многу деца!