Шарено лето

Четвртиот по ред летен камп за деца ,,Шарено Лето,, на ,,Проект Среќа,, заврши! Сите деца се вратени дома безбедни, здрави и среќни! Михајлово оваа година за нас беше прекрасно откритие! Магична природа и гостопримливи домаќини! Оваа година децата беа избрани по принцип кој требаше да ни ја олесни и нам организацијата во услови на пандемија. Беа избрани деца кои претходно веќе биле на кампов, кои ги знаеме, кои се од Скопје или околината(заради тестирањето на Ковид 19 кое го спроведовме) и кои веќе имале примерно однесување на самиот камп. Ова и за нас беше голем предизвик, но собравме храброст и решивме да организираме камп со нови протоколи и правила. Успеавме во тоа и затоа сме среќни бескрајно! Благодарност до сите кои не поддржаа, Град Скопје, ЕВН,  Casino Senator Macedonia,Еурофарм Аптеки, , Tehnosan, Биотек Лаборатории. Продолжуваме во нови предизвици и нови авантури кои носат среќа таму каде е најпотребно! #шаренолето2020 #шаренолето #проектсреќа #секоедетеморадаесреќно #еднаквиможностизаситедеца