Хуманитарна акција!

Драги пријатели,

оваа година нема да правиме новогодишни пакетчиња за деца, има доста физички лица, други здруженија, и компании кои веќе го прават тоа.

Сметаме дека оваа нова година ќе е поразлична од сите до сега, бидејќи огромен број семејства нема да можат да си дозволат храна на своите трпези за празниците. Затоа сакаме да иницираме акција, каде секој од вас, кој може и сака, да прати пакет храна на едно семејство. Заради ваша и наша безбедност ќе се потрудиме да ги лимитираме максимално контактите, па така:
Секој од вас, кој сака да испрати храна за новогодишните празници за некое семејство, нека ни пише нам, а ние ќе му дадеме адреса каде да се прати пакетот, на кое семејство, и на која адреса. Сметаме дека ова е сепак приоритет оваа година, која се надеваме дека ќе ја испратиме, и ќе дочекаме посреќна нова година.

Храна за секое семејство, за празниците!
Поделете го овој пост, за што повеќе луѓе да се приклучат, и да израдуваме стотици семејства!
Заедно сме посилни! Најсилни!
#ХранаЗаСекоеСемејствоЗаПразниците