ДДС Неверленд на мини турнеја низ нашата земја!

Драги пријатели, нашето детско драмско студио ДДС Неверленд,  тргнува на мини турнеја низ нашата земја! Поддржани од Министерството за Култура и Локалните самоуправи на општините каде ќе играме ќе ја доближиме детската драма и детскиот театар до децата кои немаат можност често да гледаат детски претстави.
Ќе играме во:
Ресен,
Кавадарци,
Кочани,
Валандово,
А понатаму и во Скопје, Прилеп, и други градови, каде ќе бидеме поканети.
Проектот ,,Детско Деамско Студио за деца до помалку можности -Неверленд ,, е поддржан од Општина Центар, и сме им бескрајно благодарни што имаат слух за вакви проекти, кои им даваат можност на децата за развивање на таленти и еднакви можности за сите деца.