Да внимаваме со донациите

Почитувани,
можеме со радост да констатираме дека поголемите компании и општините почнаа со донирање на таблети за децата кои немаат. Тоа е одлично. Но ве молиме, пред да ги купите, прашајте ги стручните лица дали на тие уреди можат децата да работат, освен ако не ви е намерата формално да донирате, без оглед дали донација ќе биде корисна.
Исто така, ако сакате донацијата да стигне кај ДЕЦА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК, треба да контактирате со здружение кое се бави и кое има регистар на тие деца. Не треба и не сакаме нам да ни ги предавате тие донации, едноставно само побарајте листа на деца на кои им е потребно, и ние ќе Ви доставиме. Толку е едноставно! Донации колку да се каже дека се донира а при тоа не се грижите дали донацијата ќе биде на вистинско место и дали ќе биде корисна, не се потребни во оваа многу тешка ситуација за децата и семејствата чии деца не следат настава во моментов заради немање уреди и интернет.
Со почит,
Проект Среќа