„Проект Куќа„ доби поддршка од Општина Центар

Со Општината со која најмногу соработуваме, Општина Центар и градоначалникотСаша Богдановиќ , ја прошируваме соработката. Тие ќе го поддржат нашиот проект ,,Проект Куќа,, и со тоа, во текот на следната година ќе овозможат на семејства кои живеат на територијата на Општина Центар, топол дом и нормални услови за живот. Ова е прва општина која не поддржа, но се надеваме, само една од многуте! Благодариме! Се надеваме на плодна соработка и многу среќни семејства и среќни деца!