Компанија пријател- Pirin Export – Sauna & Spa

Кога објавивме апел за поддршка и помош на нашето здружение пред неколку дена, прва компанија која не контактираше со желба да стане компанија пријател на Проект Среќа беше Pirin Export – Sauna & Spa.Во овие мигови, кога нашето здружение се соочува со неизвесност за својата иднина, заради немање на донации, оваа поддршка ни значи многу! Тие и претходно неколку пати ни се приклучуваа во проекти и акции, па нивната иницијатива не не изненади. Упатуваме апел и останатите компании да го следат нивниот пример и да ја покажат својата општествена одговорност, директно преку поддршка на оние на кои им е најпотребна. Ви благодариме!