шарено лето 2020

Оваа година заради специфичните околности, долго размислувавме дали да го реализираме нашиот традиционален летен камп за деца со помалку можности ,,Шарено лето,,. Единствениот начин безбедно да се реализира беше да се следат протоколите а здравјето и безбедноста на децата и воспитувачите да биде приоритетна точка. Затоа решивме да го реализираме, но со нови правила:
– бројот на децата е намален
– сите деца и воспитувачи пред тргнување ги тестираме на Ковид 19-Корона вирус
-годинава сме сместени во Михајлово каде контактот со лица од надвор е сведен на минимум
– децата имаат секој со себе средства за дезинфекција и маски
– секое утро и секоја вечер се мери температура на децата и вработените

Има начин како и децата да бидат среќни, но мораме сите заедно да се прилагодиме на новите правила.

Благодарност до сите компании кои и во овие тешки времиња најдоа начин да не поддржат, ЕВН нашиот најредовен поддржувач и пријател, Senator Casino наши големи пријатели секогаш тука за децата, Еурофарм Аптеки кои донираа козметика, средства за дезинфекција и адекватен електронски топломер, Биотек лаборотории, каде децата денес беа тестирани, и Техносан кои испечатија маички и дипломи за секое дете. Овој прекрасен постер е дизајн на нашиот другар Urosh Veljković!
Проектот ,,Шарено лето,, е поддржан од Град Скопје.

Ветуваме дека децата ќе имаат прекрасно поминато време во природа, уште еден активен и забавен одмор со Проект Среќа! Затоа што секое дете треба и може да е среќно!