светски ден на океаните

8ми јуни е светски ден на океаните признат од страна на Обединети Нации во 2008 година на самитот за планетата земја одржан во Бразил.
-Океан- е голем резервоар на солена вода. Околу 71% од површината на Земјата е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северен Леден Океан.
-Дали знаевте дека водата во океаните е сина поради сонцето ?!- Многумина мислат дека бојата на океаните е сина бидејќи ја рефлектираат бојата на небото, но всушност вистината е дека водата апсорбира црвена и портокалова светлина а рефлектира сина. Ова се случува само на големи површини вода, колку повеќе вода толку посина боја.