24ти мај ден на сесловенските просветители

Нека е честит и вековит 24ти мај ден на сесловенската писменост. Денес го обележуваме и славиме денот на
Светите браќа Кирил и Методиј познати како и браќа просветители. Нивното дело ги описмени словенските народи. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените.