Донација

Во проектот #ВолонтирамеЗаСолидарноОпштество каде голем број компании се вклучија со донации на храна и хигиенски средства, денес се приклучи и нашата верна ,, компанија пријател,, ЕВН.
Сите донации се распределуваат преку неколку здруженија, но исто така донациите се делат и на други здруженија кои имаат потреба од тоа, за своите членови. Сите заеднички се трудиме, во ова време, апсолутно секој што ќе побара помош, и кому вистински му треба, да ја добие веднаш! Огромен број на лица во изминатиов период добија пакети со храна и хигиенски средства.