Среќен интернационален ден на планетата земја

–23 часа, 56 минути и 4 секунди е времето кое ѝ е потребно на Земјата за да направи еден круг околу себе, што значи дека денот и нема точно 24 часа
И денес #седимедома и учиме интересни факти за нашата планета, нашиот дом.
–Планетата Земја е единствената планета во нашиот Сончев систем која има тектонски плочи. Без нив, јаглеродот не би бил конзумиран и рециклиран, а тоа би резултирало со прегревање на Земјата исто како Венера.
–Најдлабоката точка во океаните е 10,9 километри, а областа е позната како Маријанскиот ров.
–97% од водата на планетата Земја е солена, а само 3% е свежа.
— А дали знаете зошто Земјата е позната како ”Сината Планета”. Затоа што од вселената, океаните во комбинација со нашата атмосфера прават нашата планета да личи дека има сина боја.
–Само 11% од земјината површина се користи за растење на храна.
–А дали знаевте дека околу 100 тони мали метеорити секојдневно навлегуваат во нашата атмосфера?
–Што мислите колку време би можеле да преживеете без заштита во Вселената? Одговорот е 2 минути.
–„Сувите долини“ се најсувото место на планетата, тие се наоѓаат на Антарктикот и не виделе дожд повеќе од 2 милиони години.
–99% од златото на Земјата се наоѓа во нејзиното јадро, каде што температурата изнесува неверојатни 5.500 степени Целзиусови – што е исто колку температурата на надворешната обвивка на Сонцето.
–Земјата патува низ вселената со 66,700 миљи на час.
–Сончевите зраци ја допираат земјата за 8 минути и 3 секунди.