Донаторска акција

Деновиве заедно со наши пријатели, поддржувачи и донатори поделивме помош во храна на 20-на семејства од цела земја! 

Благодарност до Општина Центар и Нула Глад Во Општина Центар, особено до градоначалникот Саша Богдановиќ, најголемиот хуманитарец помеѓу политичарите, кои ни донираа 10 пакети храна за наши корисници од Скопје.

Благодарност до

1. Ана Марковска- парична донација
2. Доти Јовановска- храна и хигиенски средства за едно семејство
3. Анонимна донаторка, храна за едно семејство од Скопје
4. Милена Стоименовска, храна и хигиенски средства за едно семејство
5. Елена Томевска, парична донација за храна за едно семејство
6. Катерина Рамбабова Мишева, парична помош за донација во храна за едно семејство
7. Тамара Јованов, нарача храна онлајн за семејство со 5 деца од Скопје
8. Димче Каневче, пелени, детска козметика и храна за едно семејство, и пелени за уште едно семејство од Охрид и Делчево
9. Ивана Дончовска, помогна со храна и хигиенски средства за едно семејство
10. Анета Ордев, парична донација за самохрана мајка од Скопје, жртва на семејно насилство
11. Анонимна донаторка за храна и хиг.средства за семејство од Прилеп

Во ова време на неизвесност, борба со вирус, но и борба за живот за многу семејства и деца, отворете ги срцата, дајте малку од вас за среќни и сити дечиња….
#проектсреќа