Нова Компанија пријател на „Проект Среќа„- поддржувач на проектот „Топол дом за сите„

Нашиот проект со кој уредуваме и градиме топли и вистински домови за многу деца и нивните родители, доби нов голем пријател! Adziko Home Center од Штип е нашиот нов пријател на среќата и на децата, кои сами се пријавија и се понудија за донирање во секоја куќа која ќе ја работиме, на се што е потребно за внатрешно уредување, од расвета, до тенџериња, постелнини, украси, и ставија на располагање се што нивниот центар има! Немаме зборови да кажеме колку сме среќни и колку ова ни значи во целиот проект, нам и на семејствата! Би сакале повеќе компании да покажат ваква општествена одговорност! Ви благодариме! Сега сите знаете каде треба да пазарувате! Ние сигурно нема да пазаруваме на друго место повеќе! 😉❤️