“Топол Дом за Сите„ во с.Клечовце

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Драги луѓе, ние неуморно работиме на откривање на добрите и големи срца на филантропи, организации, поединци и компании кои сакаат да го остварат сонот на некое од семејствата, нов и убав дом! Денес имаме уште прекрасни вести! За семејството од село Клечовце, Кумановско, каде таткото Сашо живее со своите две деца, Моника и Давид, во исклучително тешки услови, се пријави донатор, и тоа донатор кој ќе ја финансира изградбата на цела нова куќа! Организацијата ќе им ја исполни желбата и сонот и ќе им изгради дом каде децата ќе живеат во услови какви заслужуваат за да имаат среќно и спокојно детство. Денес нашата претседателка, Кристина и претставникот на организацијата, Џеф Ли, заедно со волонтерката Марија, го посетија семејството и му ги кажаа добрите вести на таткото. Малку е да кажеме дека беше среќен! А среќата, тоа е она за кое ние работиме, од срце! Ако сакате и вие да создадете среќа и да исполните сон на семејство кои живее во нехумани услови, пишете ни! Редовно ќе ве известуваме за текот на проектот ,,Топол дом за сите,,. Следете не!