“Топол Дом за Сите“ ќе ја реновира куќата на семејството Симоновски

Проект Среќа продолжува со досега најголемиот проект, ,,Топол дом за сите,,. И имаме неверојатни вести! Вчера бевме во проценка на живеалиштето на семејството Симоновски, татко со пет дечиња, кои живеат во неверојатно тешки услови без минимум услови за нормално функционирање. Реконструкцијата на куќата ќе ја превземе како главен донатор, компанијата Casino Senator Macedonia и Paint It Black Hotel од Гевгелија! Неверојатно сме среќни што великодушно се одзваа на нашиот повик да се вклучат. Тие вчера на лице место беа со екипа, и одлучија да ја направат комплетно целата куќа, која во моментов има само цигли. Проценката за реконструкција е 15 000 евра. Среќни сме затоа што тие златни деца ќе имаат тоалет, кревети, своја соба, кујна, маса, затоа што тие тоа го заслужуваат! Златни деца, наскоро ќе имате прекрасен дом благодарение на големото срце на донаторите! Мебелот ќе треба дополнително да се набави.
Ова е вториот дом од 10 кои планираме оваа година да ги реконструираме или одново изградиме. Вклучете се, бидете запаметени како светлина во срцата

на децата….