„Топол Дом за Сите“ ќе ја реновира куќата на семејство Зафировски

Првата куќа на која ќе се работи е на малото и прекрасно семејство Зафировски, баба и дедо кои живеат со своите двајца внуци. Минатата година за нив се организираа хуманитарни акции, па веќе имаат некои од работите кои им се потребни, како ламинат и одредени материјали за работа.
Овде треба да:
-се постави кошулица
-постави ламинат
-да се средат електричните инсталации
-да се направи плафон
-да се постават врати
-тоалетот е сосема непостоечки, и таму ќе треба буквално се, изолација, плочки, санитарии.
Донациите почнаа да пристигнуваат, па така,
Детските кревети ќе бидат донација од Pirin Export – Sauna & Spa, дневната гарнитура од пријателите од IDEA LAB, работната рака ќе ја платиме со донацијата од Interworks, масичката за дневна и комодата ќе бидат земени од донацијата од Агенцијата за филм.
Се уште се потребни теписи, два ормари, кревет за спална соба, мала трпезариска маса со 4 стола, комода, детски бироа, и расвета за целата куќа.
Најмногу ни недостигаат мајстори, волонтери, или пак барем да работат со попуст 😊. Ве очекуваме да се пријавите, ако сте мајстор или човек или компанија со големо срце! Да направиме чудо за едно семејство, за нашите Тео и Тони ❤️#проектсреќа