Меѓународен ден на деттето

Честит меѓународен ден на детето!
Ние 365 дена во годината работиме со цел секое дете да добие еднаква шанса! Секое дете заслужува да е среќно, да ги живее радостите на детството, и да се радува на малите нешта кои на децата им се цел свет!
Зошто баш за децата?
Затоа што без среќни, мотивирани, едуцирани, здрави и продуктивни деца, не можеме да се надеваме на среќна иднина. Огромен дел од децата во Република Северна Македонија живеат со помалку можности. Затоа, нашата цел е да го надополниме она кое им недостасува, и да ги вивнеме во ѕвездите! Среќни деца, Среќна иднина!!!