Активности и новости

Проект Среќа секојдневно информира, соработува, критикува и мотивира да се прават напори и промени кон подобар статус на сите деца

Настани и проекти

Дел од активностите на Проект Среќа

Мисија и Визија

Секое дете заслужува да биде опкружено со љубов и среќа

Подобро образование

За децата со помалку можности

Социјална инклузија

на децата со помалку можности

Подобро неформално образование

на децата со помалку можности

Градење на волонтерско општество
Градење на филантропска свест

и општествена одговорност кај населението и бизнис секторот

Среќата на децата како клуч

за среќно и продуктивно општество

Психолошка поддршка

и менторирање на децата со помалку можности

Асистенција

во секојдневните потреби на децата со помалку можности

Мотивирање и градење

на самодоверба кај децата со помалку можности

Фото галерии

Фото есеи од нашите проекти, хуманитарни и донаторски акции, конференции и акции од јавна одговорност

0

денари помош во 2018 година

0

физички донатори

0

деца добија помош за една година

0

компании како донатори

Тимот на Проект среќа

Кристина Арнаудова Петровски

Не постои среќно и продуктивно општество, во кое децата се несреќни, и без можности. Токму затоа, создадете среќни и едуцирани деца, за да создадете среќна иднина за сите.
  • Претседателка и основач на Проект Среќа
  • Дипл. Бизнис Администрација
  • Пеачка, композитор, продуцент, борец за човечки права

Благица Ристов

„Сите идеали на овој свет, не вредат колку солзите на едно дете.“ - Достоевски
  • Главен координатор на проекти и односи со корисници
  • Дипл. Актерка
  • Активист, борец за човекови права, најсреќна е кога е со деца, сериозен сонувач...

Бојана Мандевска

"Малите девојчиња со соништа стануваат жени со визија."
  • Mагистар по Mегународна економија - Oпштествена одговорност
  • Офис менаџер и креатива
  • Креативец вљубен во животот, борец за човекови права, екологист

Слушнете ги децата

Нај големата награда за сето искористено време и енергија се само неколку зборови од искрените усти на децата. Децата не лажат!

ПРОЕКТ СРЕЌА се едни и единствени. Кога сме тажни, не прават посреќни. Невозможното- ни го прават возможно!!! ЕДНО МОЕ ИСУСТВО: Кога мајка ми беше на лекување во Турција, јас требаѓе да го славам мојот 13 роденден... и прекрасниот тим на Проект Среќа ми овозможија да не ја чувствувам мајчинската празнина и ми овозможија незаборавен роденден!!! Ве сакам!
Димитар П.
Првиот ден кога бев на кампот ,,Шарено Лето,, се запознав со сите деца и бев многу среќен. Бевме на стадионот, игравме игри, се забавувавме, трчавме, игравме со ракометари и кошаркари. Исто така многу ми се допадна и храната во хотелот, Бевме на базен. Исто така и планинаревме. Се запознавме со професионалци луѓе, кои не научија на многу работи. Мене најмногу ми се допадна човекот со животните. Убаво ми беше и кога ја чистевме околината низ хотелот и во Маврово. Прекрасно искуство, кое нема да го заборавам!
Бојан Р.
Проект среќа за мене преставува место каде што сум среќен секогаш Како прво најголемо и најубаво нешто беше Детскиот Камп "Шарено Лето". Тој камп е нешто што никогаш нема да го заборавам,нови пријатели кои што се дружиме и денеска, а ќе се дружиме и понатаму. Следното патување со Проект Среќа беше "Здраво Шампиони" Со "Здраво Шампиони" - организирано од Проект Среќа се запишав на пливање. Јас отсекогаш сакав да научам да пливам и сега научив. Без Проект Сеќа јас немаше да се запишам на пливање. ,, Самитот на детски желби,, беше многу убаво чувство за мене јас можев многу мирно да се опуштам и да разговарам со сите ,се чувствував толку спокојно,и најсреќно,А најубавото нешто што можеше да ми се случи беше Детското Драмско Студио Неверленд. Мојата огромна желба беше да станам дел од некое драмско студио, но посебно сум среќен што сум дел баш од ова драмско студио тука се чуствувам среќно,спокојно и сите се сакаме и помагаме со нашата наставничка/актерка Благица, воедно и кординатор во Проект Среќа. Од кога сум дел од Проект Среќа Секој миг со нив ми е посебен,забавен,незаборавен и и Благодарам на Проект Среќа и на Кристина Арнаудова, што нашето детство го направи посебно од сечије исполнето со љубов,среќа,еднаквост,дружељубивост.❤
Андреј Г.

Сакате да ни помогнете?

Вашата помош, ќе им го подобри квалитетот на живеење на огромен број деца, од сите делови на нашата земја, кои живеат во сиромаштија.

Станете и вие!