Здраво ,здраво другари,
Денес е ден на среќата или празничен ден за нашата и ваша Проект Среќа. Веќе цела година како сите се соочуваме со глобална здравствена и економска криза, која влијае на различни начини врз сите нас.
Вообичаено, изминатите години организиравме забавни среќни активности за обележување на денот на среќата, во кои уживавме.
Интернационалниот ден на среќата оваа година е посветен на доброто здравје , грижата за себе и другите, кон што и ние се приклучуваме.
„Среќа за сите, засекогаш“, темата на кампањата за Меѓународен ден на среќата во 2021 година, е повик до сите луѓе, нации и општество да се изградиме посреќни со унапредување на тотално нов систем на економски и човечки развој, кој успешно обезбедува среќа, благосостојба , здравје, безбедност, просперитет, слобода и раст на целиот живот на земјата, без понатамошни ризици од пандемии, кризи или закани по човештвото, никогаш повеќе. А, сето ова можеме да го постигнеме со смиреност, мудрост, љубезност и грижа.
Има многу фактори кои непосредно индиректно и директно ни влијаат, а кои не можеме да ги промениме, смиреноста ќе ни помогне да ги прифатиме и да се фокусираме кон конструктивен и продуктивен одговор на истите. Бидете мудри. Правењето паметен избор ни помага на сите. Ние избираме позитивни активности што ја поддржуваат нашата благосостојба и со тоа им помагаме на другите да го сторат истото. Бидете љубезни. Сите сме во ова заедно, дури и кога сме присилно разделени. Да останеме поврзани и да подадеме рака за да им помогнеме на другите што имаат потреба. Грижата за светот почнува со грижата за себе и заедницата во која функционираме.
Заедно можеме повеќе, здружени можеме се!