Почитувани пријатели, во изминатиов период работевме на градење или реновирање на тоалети на семејства со деца кои немаат тоалети или пак тоалетите им се без основни услови за хигиена. Направивме 5 тоалети,
– семејство татко со 5 деца Ѓорче Петров
-Баба Марица, која се грижи сама за внуци, Волково, во соработка со здружението Вистински Дела на Љубезност,
-семејство од Куманово, кое имаат дете со ментална болест, и потреба од специјални услови за неа,
– семејство од Гевгелија со две дечиња, без основни услови за хигиена, каде таткото е инвалид, и има потреба од посебна тоалет шоља,
– девојката од Штип која беше физички и психички малтретирана од две лица, а го изгуби и нејзиниот татко, и остана сама.
Во моментов се привршуваат два од овие тоалети.
До крајот на оваа година планираме да изградиме или реновираме уште 10 тоалети на семејства на кои им е вистински потребно тоа.
Овој проект е поддржан од
OSCE – The Organization for Security and Co-operation in Europe
OSCE Mission to Skopje
.
Затоа што секое дете треба да има основни услови за живеење и развој!





