Примена донација

Денес добивме прекрасна донација!
Дел од средствата од продажбата на билетите за бродвејскиот мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“, одржан на 23 декември 2019 г., КРЕО-АКСИС – Здружението за инклузивно и неформално образование, ги намени за донации. Една класична гитара и дел од книгите кои беа донација од посетителите, ги подари на музичкото училиште за деца со помалку можности ,,Гитари, дирки и свирки,, – проект на здружението Проект Среќа. Нека ни се множат вакви убави подароци ❤️