Почитувани пријатели, сакаме да ве известиме за еден многу специфичен и тежок семеен случај на кој работиме последнава недела, а за кој исто така ќе ни биде потребна вашата помош. Се работи за една мајка која што е жртва на семејно насилство. Таа има три деца. Децата имаат 16, 14 и 9 години. Последниве десет години за нив биле страшни и неподносливи, секојдневно биле сведоци и жртви на семејно насилство. Тие се од помал град во Македонија.
После се што преживеале, мајката собрала храброст да избега, и сега сите заедно се спремни да започнат нов живот и нов почеток во Скопје, каде што двете поголеми деца веќе учат.
Моментално бараме стан или куќа под кирија, на чување, или по можност и бесплатно барем додека да најде работа мајката. По можност во Автокоманда или во близина.
За мајката е итно потребна работа како би можела да се грижи за семејството. Таа сака да работи и би работела било што.
Откако ќе се сместат во Скопје ќе добијат целосна поддршка и советување од нас и од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство со кои ова ни е веќе трета соработка и сакаме да им се заблагодариме и јавно за нивната помош и поддршка.
Ве молиме доколку може некој да и помогне на оваа храбра мајка да ни пише. Се надеваме дека уште една тажна приказна ќе добие среќен крај! ❤️