Потребна е помош за самохрана мајка

Ова е долг пост ама Ве Молам да го прочитате. Во ова време невреме, една мајка, со која комуницираме долго време, и секогаш е вклучена во проектите на Проект Среќа и секогаш и помагаме неа и на нејзината ќеркичка кога можеме, се соочува со голем проблем. Мајката е личност која е израсната без никого, без родители, без роднини, а подоцна кога беше трудна, малтретирана од сопругот, кој ја избрка на улица, сама, после кое таа некое време живееше со чесните сестри. Се вработи и повторно почна од нула. Таа е меѓудругото една од највредните и најчесните личности кои ги знаеме. Се трудеше да вложи во своето образование, и покрај тоа што беше сама со бебе работеше за да можат да преживеат. Но во оваа економска криза, со која се соочуваме сите, фирмата каде што работи најпрво и рече дека ако не доаѓа на работа ќе мора да седи дома со 50 посто од плата (8000 ден). Таа иако не знаеше како ќе преживеат прифати бидејќи таа нема никого кој би можел да и ја чува малата (девојчето има 4 години). Е сега, компанијата и рече дека ако не почне задутре со работа ќе ја избркаат. Пишуваме пост затоа што не знаеме како точно да и помогнеме….Нема кој да и го чува детето, а нема ни како да се прехрани ако не работи. Во ова предизборие, има луѓе кои се соочуваат со сериозни проблеми…. Ве молам сите кои имате идеа, било каква, како да и помогнеме, да пишете….Мора да најдеме начин!