Честит 5ти Мај

Денес го обележуваме Денот на македонскиот јазик и азбука, нека ни е честит!
И денес #седимедома и #учиме
Македонски јазик е дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици.
Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште од појавата на глаголицата, па со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До X век македонскиот јазик користел различни други писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста.
Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19-тиот век.
Најбогатиот период, во поглед на развојот на стандардната македонска азбука, е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век.
Меѓу позначајните личности кои се занимавале со задавање правила и стандардизација на македонскиот графички систем и на македонскиот правопис се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Константин Петковиќ, Партенија Зографски, Димитар Македонски, Деспот С. Баџовиќ, Коста Групче, Наум Евро, Темко Попов, Васил Карајовов и други.